Уапсен Артан Груби на Блаце за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија
Артан Груби е уапсен на граничниот премин Блаце по меѓународна потерница, осомничен за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија.
Артан Груби е уапсен утрово на граничниот премин Блаце, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тој е приведен поради сомнение за кривично дело „проневера во службата“ поврзано со работењето на Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека набавиле ВЛТ апарати и проневериле околу 8,2 милиони евра државни пари.
По неговото заминување од Македонија во 2024 година, по Груби беше распишана меѓународна потерница. Претходно, Стејт департмент го стави Артан Груби на таканаречената „црна листа“, заедно со судијата Енвер Беџети.
Надлежните институции најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против Груби ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.









