Три совети од Харвард за среќни деца и подобро родителство
Харвардски експерт открива три клучни правила за среќни, самоуверени деца и подобро родителство.
Три клучни правила за детска среќа според Харвард
Професорот Артур Брукс од Харвард издвојува три клучни совети за детска среќа: родителска топлина, модел на однесување и фокус на вредности наместо грешки.
Експерт од Харвард споделува совети за родителство: Трите клуча за среќни деца
Родителството често личи на бесконечен список на грижи: дали правиш доволно, дали правиш погрешно, дали ќе ги „расипеш“ децата со една погрешна реакција. Харвардскиот професор Артур Брукс, човек кој минал децении проучувајќи што ја прави човечката среќа стабилна и долгорочна, има поедноставена и прилично ослободувачка порака:
„Ќе направите многу грешки – и повеќето воопшто нема да значат ништо.“
Брукс, кој и самиот има три возрасни деца, открива дека најголемата стапица кај родителите е претераното загрижување околу ситниците, наместо фокусирање на она што навистина создава среќно и здраво дете: вредности, топлина и личен пример.
Како „малите грешки“ стануваат големи само во нашите глави
Во својата книга „Досиејата за среќа“, Брукс искрено признава дека години го „терал“ својот син околу оценките. Колку повеќе притискал – толку спротивен ефект добивал. Звучи познато?
Тој конечно сфатил дека оценките не се непријателот. Ниту синот. Туку сопствениот страв дека „лоша оценка = лошо дете“.
А стравот, како што знаеме, е најлош воспитувач.
Во моментот кога префрлил фокус од академско притискање во разговор за вредности, нивниот однос се подобрил, а син му станал посигурен и посамостоен. Прашањето што Брукс си го поставил е мошне едноставно, но разорувачки мудро: „Што навистина сакам моето дете да стане на 25 години?“. Одговорот речиси никогаш не би звучел на нешто како „машина за петки“.
Кога родителската грешка е сигурна – реагирајте како што сакате детето да реагира
Не сите родителски грешки се мали. Некои можат да повредат, да изградат страв или да намалат доверба. Но според Брукс и повеќето експерти за воспитување, магијата не е во избегнувањето грешки – туку во начинот на закрепнување од нив.
Секојпат кога ќе ја изгубите трпеливоста, ќе прекршите ветување или ќе реагирате премногу остро, имате шанса да му покажете на детето како се бара прошка, како се презема одговорност и како се продолжува понатаму без срам и вина.
Децата учат далеку повеќе од вашите постапки отколку од вашите совети. Ако тврдите дека „секој прави грешки“, а вие се однесувате како никогаш да не грешите – тие ќе го забележат тоа за две секунди.
Трите правила на Артур Брукс за среќни и доблесни деца
Во сржта на неговата филозофија стојат три едноставни, но далекусежни правила. „Дури и родител кој прави грешки може да биде добар родител“
Некои родителски грешки се природни, човечки и неизбежни. Истражувањата покажуваат дека децата делумно ги наследуваат вашите карактерни особини, но уште повеќе ги учат преку структура, присутност и однесување што го моделирате секој ден. Со други зборови нема потреба да бидете совршени – доволно е да бидете вклучени, доследни и подготвени да покажете како се оди напред после грешката.
Преиспитај – Што повеќе сакаат твоите деца да видат од тебе – перфектност или искреност?
„Кога не знаете што да правите, бидете топли и полни со љубов“
Децата цветаат таму каде што добиваат безусловна љубов. Не љубов условена со успеси, однесување или амбиции.
Брукс остро забележува: „На вашите деца не им треба војник, Дедо Мраз или мајка-авион; им треба личност која ги сака дури и кога тоа најмалку го заслужуваат.“
Топлината, нежноста и наклонетоста се најсилните алатки за воспитување самоуверени деца.
Или поинаку кажано: ако се прашуваш „Што да правам сега?“, шансите се дека љубовта ќе биде точниот одговор.
„Бидете личноста што сакате вашите деца да станат“
Децата имаат вградени „детектори за дволичност“.
Ако им кажуваш како треба да се однесуваат, а ти правиш спротивно – ќе ти го вратат чекорот назад како бумеранг.
А клучниот совет на Брукс е једноставно генијален:
„Запрашајте се како би сакале вашето дете да реагира како возрасен во ситуацијата – и направете го тоа сами.“
Во практиката тоа значи:
- Ако не сакате да се лутат во сообраќај – не им покажувајте ваши изблици.
- Ако сакате да бидат дарежливи – покажете им дарежливост.
- Ако сакате да бидат емпатични – бидете емпатични вие први.
Многу е полесно да им кажеш „Биди подобар човек“ отколку сам да го живееш тоа. Но децата го следат токму второто.
Најважното што родителот може да го направи
Ако ги споите топлината, личниот пример и фокусот на вредности – добивате моќна формула што создава деца кои растат не само успешни, туку и емоционално стабилни, љубезни и навистина среќни.
Па добро… што е поголем приоритет? „Совршени“ реакции секој ден – или долгорочно среќни деца?






