Трамп со шок-изјава за Путин, реакцијата на Зеленски стана вирална

Трамп изјави дека Путин сака Украина да успее. Реакцијата на Зеленски пред камерите експлодираше на мрежите.

Претседателите на Украина и Соединетите Американски Држави, Володимир Зеленски и Доналд Трамп, одржаа средба на Флорида, во резиденцијата на поранешниот американски претседател, каде речиси три часа разговараа зад затворени врати. По состанокот, двајцата лидери се обратија пред јавноста со порака дека е постигнат значителен напредок во разговорите за ставање крај на војната во Украина.

Според нивните изјави, околу 90 проценти од мировниот план веќе е усогласен, што беше оценето како сериозен чекор кон стабилизација на регионот и можен прекин на конфликтот.

Сепак, најголемо внимание предизвика изјавата на Доналд Трамп за време на заедничката прес-конференција. Одговарајќи на новинарско прашање дали Русија треба да преземе дел од одговорноста во финансиската обнова на разурнатата Украина, Трамп даде одговор кој предизвика бурни реакции.

„Путин сака Украина да успее. Тие ќе помагаат. Русија сака да го види успехот на Украина“, изјави Трамп пред медиумите.

Во истиот момент камерите го фатија лицето на Володимир Зеленски, а неговата реакција не остана незабележана. Снимката за само неколку часа стана вирална на социјалната мрежа X, со илјадници прегледи, коментари и реакции ширум светот.

Трамп дополнително нагласи дека напредокот не е резултат на еднодневни разговори. „Ова не е договор постигнат за еден ден. Станува збор за исклучително сложени прашања“, изјави тој на заедничката конференција со Зеленски, пренесува BBC.

Едно од клучните отворени прашања останува статусот на регионот Донбас, во источна Украина, кој во голема мера е под руска контрола. Трамп посочи дека предлогот за негова трансформација во демилитаризирана зона сè уште не е решен.

„Еден дел од таа територија е веќе преземен. Друг дел можеби е достапен, но постои можност да биде заземен во наредниот период, што е прашање на месеци“, изјави Трамп пред новинарите.

На прашањето колку време би било потребно за целосно завршување на војната во Украина, Трамп изјави дека конфликтот би можел да заврши за „неколку недели“, но додаде дека таков исход сè уште не може со сигурност да се гарантира.