Трагичен настан во Скопје: Мајка и дете се фрлиле од зграда во Карпош

Трагичен настан е пријавен попладнево во Скопје, во близина на локацијата позната како „Алумина“. Според информации од медиумот А1он, мајка и дете паднале од зграда, по што на местото веднаш биле испратени екипи на Брза помош.

Од МВР за А1он потврдија дека околу 14:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на зграда во скопската населба Тафталиџе во Општина Карпош паднала мајка заедно со дете.

Идентитетот на лицата засега не е познат. На терен се присутни полициски екипи и обвинителството, кои вршат увид и работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Надлежните институции најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени откако ќе заврши истрагата.