Топли, сочни и мирисаат на детството: Стар рецепт за урмашици што се топат во уста

Старински рецепт за урмашици – мек и сочен традиционален колач прелиен со шербет што се топи во уста.

Урмашици се еден од оние старински колачи што многумина ги паметат од детството. Меки, сочни и богато прелиени со сладок шербет, овој традиционален десерт со генерации се подготвува во домовите низ Балканот. Урмашиците се популарни во текот на целата година, а нивниот рецепт е едноставен и лесен за подготовка.

Потребни состојки

За урмашиците:

  • 250 г путер

  • 1 јајце

  • 1 лажица шеќер

  • 400 г брашно

За шербетот:

  • 500 г шеќер

  • 500 мл вода

  • 1 лимон

Начин на подготовка

Најпрво ставете го путерот да се стопи на средна температура. Во меѓувреме изматете ги јајцето и шеќерот. Во смесата додадете го растопениот путер и добро соединете.

Потоа постепено додавајте го брашното и замесете тесто кое нема да се лепи за рацете. Покријте го тестото со крпа и оставете го околу 20 минути во фрижидер.

Потоа земајте мали парчиња од тестото и оформете мали валјаци. Ставете ги на ренде од страната со најситни дупчиња, притиснете лесно за да се добие препознатливата форма и редете ги во подмачкан плех.

Печете ги урмашиците во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Додека се печат, подгответе го шербетот. Во тенџере ставете ги шеќерот и водата, промешајте и варете на средна температура околу 15 минути. На половина од варењето додадете лимон исечен на кругови.

Веднаш штом урмашиците ќе се испечат, прелијте ги со врелиот шербет. Покријте ги и оставете ги преку ноќ добро да го впијат сирупот.

На овој начин ќе добиете меки, сочни урмашици што буквално се топат во уста.