„Тоа е стар рецепт од мојата покојна баба“: Д-р Несторовиќ препорачува една чашка пред појадок

Д-р Бранимир Несторовиќ сподели стар семеен рецепт – една чашка ракија пред појадок. Тој вели дека традиционалните навики имаат своја мудрост, но нагласува умереност.

Српскиот лекар Бранимир Несторовиќ сподели интересна семејна навика која, како што вели, ја научил од својата покојна баба – денот да започне со мала чашка ракија.

Според него, станува збор за стар „рецепт“ кој во минатото се користел како начин за „чистење на организмот од лоши бактерии“. Иако на помладите генерации ова може да им звучи необично, Несторовиќ смета дека традиционалните практики често кријат одредена животна мудрост.

@civideja Dr Nestorović – Čašica rakije ujutru, da li je to zdravo? #rakija#čašica#nestorovic#zdravlje#vino♬ original sound – Dejan Ivić

„Тоа е мој стар рецепт, поточно рецепт од мојата покојна баба. Таа велеше – прво се зема благо, за да ги собере бактериите на едно место, потоа се пие кафе за да ги ‘потемни’, и на крај се ‘убиваат’ со ракија“, раскажува тој.

Сепак, Несторовиќ нагласува дека ваквиот пристап не треба да се сфати како универзален лек, туку како пример за умереност и традиционален начин на размислување.

Тој додава дека умерената консумација на алкохол е клучна:
„Јас би додал и една чаша вино навечер. Некои велат две, но две чаши имаат доста калории – тоа се стотици калории, практично чист шеќер.“

И покрај ваквите ставови, здравствените експерти генерално советуваат внимателност кога станува збор за редовна консумација на алкохол, особено на празен стомак, и препорачуваат умерен и балансиран пристап кон здравите навики.