Светлана Цеца Ражнатовиќ со бугарско знаме во Велес — инцидент или недоразбирање?

ВестиМакедонија

На концертот во Велес, Цеца го подигна бугарското знаме пред публиката. Таа се огласи и изјави дека не имала намерa да навреди никого!

Концертот на Цеца во Велес, кој требаше да биде уште едно во низата турбо-фолк спектакли, доби неочекуван пресврт кога пејачката прифати бугарско знаме од еден обожавател и го подигна на сцената. Публиката реагираше поделено — дел аплаудираа, други свиркаа и кажува недолични коменатари.

Настанот брзо се прошири на социјалните мрежи. Едни го видоа како политички гаф, други како симбол на нејзината намера да не дели луѓе по националност. Цеца подоцна изјави дека „секоја публика ја почитува, без разлика од каде доаѓа, и дека музиката треба да спојува, не да раздвојува“.

Случајот отвори прашања за тоа каде завршува уметноста и каде почнува симболиката што јавноста ја чита во секој гест. Во земја каде што симболите сè уште имаат тежина, и најмал потег може да предизвика лавина реакции.

На концертот подоцна таа го крена и македонското знаме!