Сончево време денес, од недела можни слаби врнежи, а од вторник стабилизација

Сончево време со мала облачност и југоисточен ветер. Во недела и понеделник претпладне можни се слаби локални врнежи, а од вторник следува стабилно време со утринска магла по котлините.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во недела и во понеделник претпладне се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби локални врнежи од дожд.

Од вторник следува период на стабилно време, со можност за појава на утринска магла по котлините.