Сончево и стабилно време со северен ветер, од петок можност за утринска магла
Стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и северен ветер. Од петок можно појавување на утринска магла по котлините.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен, особено во претпладневните часови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на поле на висок воздушен притисок. Времето ќе остане стабилно, претежно сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога се очекува зголемена облачност. Од петок, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.









