Сончево и релативно топло време со температури до 17 степени, во четврток можен дожд
Сончево и релативно топло време со температура до 17 степени. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината во утринските часови можна е појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните денови се очекува претежно сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и кон крајот на денот.
Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени.









