Скандал во Русија: Млад фудбалер признал убиство на жена
Рускиот фудбалер Данил Секач (20) признал убиство на жена во Москва. Полицијата го уапсила по злосторството, а му се заканува казна до 15 години затвор.
Голем скандал ја потресе спортската јавност во Русија, откако 20-годишниот фудбалер Данил Секач признал дека убил жена во Москва. Младиот играч, кој настапувал за младинските селекции на руската фудбалска репрезентација, се соочува со сериозни обвиненија и може да добие казна затвор до 15 години.
Според информациите од истражителите, Секач за време на испитувањето го признал злосторството и изразил каење.
„Признавам сè и жал ми е“, изјавил кратко пред судот.
Според истрагата, фудбалерот дошол во станот на жртвата со намера да го отвори сефот и да ја ограби. Кога жената одбила да ја каже шифрата, тој ја нападнал со повеќе удари и убоди со нож. Трагичниот настан се случил на 13 март во Москва.
Во моментот на нападот во станот била и нејзината 16-годишна ќерка, која подоцна била задржана како заложник.
По злосторството, Секач го фрлил украдениот пари, накит и колекционерски монети низ прозорецот. Полицијата го уапсила еден ден подоцна во хотел во Москва.
Младиот фудбалер играл за вториот тим на клубот Урал од Екатеринбург. Од клубот изјавиле дека тој ја напуштил екипата само неколку дена претходно, објаснувајќи дека заминува во Москва за да продолжи со студии.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста и сериозни реакции во спортските кругови.









