Шокантно видео: Холивудско дете-ѕвезда заврши на улица

Поранешна ѕвезда на Nickelodeon е снимена како бездомник во Лос Анџелес. Видеото ја потресе јавноста и отвори тешки прашања.

Видео кое за само неколку часа стана вирално низ целиот свет ја растажи јавноста и повторно ја отвори темата за темната страна на Холивуд. На снимката е забележан Тајлор Чејз, поранешен детски глумец и ѕвезда на Nickelodeon, како живее на улиците на Лос Анџелес.

Снимката ја направил случаен минувач кој го препознал актерот, најпознат по улогата на Мартин Кверли во серијата „Недов водич за преживување во училиште“. Видливо исцрпен, со тивок и несигурен говор, Чејз признава дека се наоѓа на улица поради лошата финансиска состојба.

На прашањето дали навистина е глумец, тој одговорил:
„Тајлор Чејз, глумец од Холивуд, работев за Nickelodeon.“

Минувaчот му дал пари и му посакал подобар живот, а Чејз, во знак на благодарност, се обидел да му подари рачен часовник – сцена што дополнително ја потресе јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gulf News (@gulfnews)

Според информациите на TMZ, поранешниот актер одбива помош и од полицијата, што дополнително ја загрижува јавноста и неговите поранешни колеги.

Се огласи и актерката Линдзи Шо, негова поранешна колешка, која емотивно порача дека сака да го види и да разговара со него.
„Би сакала да го прегрнам и да го погледнам во очи. Ми недостига Тајлор, многу го сакам“, изјави таа.

Социјалните мрежи се преплавени со реакции:
„Холивуд ги уништува младите“,
„Индустријата е сурова, особено кон децата“,
„Се надевам дека ќе побара помош и ќе се извлече“, се само дел од коментарите.

Тајлор Чејз, покрај улогата во Nickelodeon, има настапи и во серијата „Everybody Hates Chris“, како и во филмот „Good Time Max“. Неговиот случај повторно ја потврдува суровата реалност: славата не е гаранција за сигурен живот, а Холивуд често остава длабоки лузни.