Шокантен пресврт во истрагата: Бомбата на Дедиње можеби не била наменета за Чолиќ

Истрагата за бомбашкиот напад на Дедиње доби шокантен пресврт – се сомнева дека напаѓачот погрешил куќа и дека вилата на Здравко Чолиќ била погодена по грешка, додека вистинската мета била соседна вила.

Истрагата за бомбашкиот напад што рано утринава го вознемири белградското Дедиње доби неочекуван пресврт. Сè погласни се сомнежите дека вилата на музичката легенда Здравко Чолиќ можеби не била вистинската цел на напаѓачот.

Според неофицијални информации од истражните органи, се разгледува можноста сторителот да ја погрешил куќата и експлозивната направа да завршила во дворот на Чолиќ по грешка, во услови на темнина. Истражителите, имајќи предвид дека пејачот со децении важи за личност без конфликти и закани, се сомневаат дека вистинската мета можела да биде некој од соседните објекти.

Screenshot
Screenshot

Во моментот на експлозијата, во вилата се наоѓале Здравко Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка, што дополнително ја вознемири јавноста. За среќа, нема повредени, но материјалната штета е значителна – оштетени се влезната капија, дел од фасадата и прозорците, чии стакла се распрснале на голема оддалеченост.

Полицијата и обвинителството продолжуваат со интензивна истрага, при што се анализираат снимки од околината, податоци од мобилната мрежа и движењето на осомничени лица во критичниот период. Фокусот е насочен и кон соседните куќи, со цел да се утврди дали некој од жителите бил потенцијална цел на нападот.

Случајот и понатаму е во фаза на предистражна постапка, а надлежните институции најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана штом се утврдат сите релевантни околности.