Семејна расправија во Аеродром: Татко и ќерка со меѓусебни пријави за напад

Во СВР Скопје се пријавени две меѓусебни обвинувања за физички напад во семеен дом во општина Аеродром. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко. Според пријавата, тој со остар предмет ѝ упатувал закани, при што сам се повредил од невнимание.

Во 20:00 часот истиот ден, 79-годишниот маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, по што започнале меѓусебно да се туркаат. Тој пријавил и дека неговиот зет физички го нападнал.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.