Се огласи сопругата на наводниот татко на бебето на Милица Тодоровиќ

Сопругата на мажот кој медиумите го поврзуваат со Милца Тодоровиќ изнесе своја верзија за настаните по раѓањето на нејзиното дете и за нивната средба пред зградата на пејачката.

По веста дека српската пејачка Милца Тодоровиќ пред два дена роди син по име Богдан, јавноста продолжува да шпекулира за идентитетот на таткото. Пејачката досега не откри официјално кој е татко на детето, но српските медиуми објавија дека станува збор за маж кој е во брак и има две деца.

Откако во јавноста се појавија снимки од приватна прослава, се огласи и сопругата на тој маж, означена со иницијали Љ. М., која за медиумите изнесе детали за, како што вели, средбата со пејачката.

„Ја сретнав пред нејзината зграда“

Според нејзината изјава, таа е во брак со сопругот речиси две децении и со него има два сина. Како што тврди, за бременоста на пејачката дознала пред околу еден месец, кога сопругот ѝ признал дека очекува дете со Милца Тодоровиќ.

Таа наведува дека потоа решила лично да ја побара пејачката и дека ја сретнала пред нејзината зграда, по што била повикана во станот.

„Разговаравме мирно. Во станот беше и мојот сопруг. Со неа зборував нормално, со него не. Не проверував пораки и не истражував, само сакав да слушнам што се случува“, изјавила таа за српски медиум.

Различни верзии за односот

Сопругата тврди дека пејачката ѝ кажала оти со нејзиниот сопруг била во врска околу една година и дека очекувала тие двајца да се разведат. Од друга страна, таа вели дека сопругот ѝ рекол оти нема намера да го напушти семејството.

„Ние имавме нормален брак. Не знам што ѝ кажувал тој неа, ниту што таа планирала. Моите деца и јас минуваме низ вистински пекол“, навела таа во својата изјава.

Од страната на Милца Тодоровиќ засега нема официјална реакција на овие наводи. Таа по породувањето објави само дека таа и бебето се чувствуваат добро, без да се осврне на шпекулациите за таткото на детето.

Случајот и понатаму предизвикува силен интерес во српската јавност, а медиумите најавуваат дека ќе следат нови информации доколку некоја од страните реши јавно да проговори.