Рузмарин – природна тајна против опаѓање на косата: Домашен рецепт за посилна и погуста коса

Во текот на летото и есента косата често слабее, го губи сјајот и почнува поинтензивно да опаѓа. Па многу жени со доаѓањето на зимата бараат начин да ја обноват и зајакнат.

Еден од најприродните и најефикасни сојузници во нега на косата е рузмаринот. Неговото масло е познато по тоа што го стимулира растот, го зајакнува коренот и помага косата да стане погуста и поотпорна. Добрата вест е што овој препарат можете лесно да го подготвите и дома.

Состојки:

  • 3 гранчиња свеж рузмарин
  • 2 шолји вода
  • 2 капки етерично масло по избор

Подготовка:

Рузмаринот исечкајте го на пократки парчиња. Во тенџере ставете ја водата да зоврие, па додадете го рузмаринот. Варете околу 10 минути со повремено мешање, за да се ослободат активните состојки и аромата.

Потоа процедете ја течноста и додадете ги етеричните капки. Кога смесата целосно ќе се излади, претурете ја во стаклено шише, по можност со распрскувач.

Начин на употреба:

Напрскајте ја косата по миење, на чиста и благо влажна коса или нанесете ја навечер пред спиење. Не се плакне. За дополнителна нега и јакнење, можете во подготовката да додадете и малку кокосово масло – начинот на користење останува ист.

Со редовна употреба, косата може да стане посилна, погуста и видливо поздрава.