Рада Манојловиќ фатена со новиот партнер: Таинствен маж ја пречека со луксузен џип на аеродромот

Рада Манојловиќ забележана на аеродромот во Белград со новиот партнер, кој се обиде да остане далеку од камерите. Пејачката проговори за љубовта и плановите.

Популарната српска пејачка Рада Манојловиќ денеска, 1 февруари, беше забележана на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, по враќањето од настап во Германија. По работниот викенд поминат во градот Линдау, Рада пристигна видно уморна, но во одлично расположение.

рада манојловиќ нов дечко

Со темни очила и дискретен изглед, пејачката се обиде да избегне внимание, но сепак не остана незабележана. На аеродромот ја пречека нејзиниот партнер, висок и маркантен маж, кој пристигна со луксузен теренец. Иако се обидуваше да се сокрие од камерите и не сакаше да биде фотографиран, неговото присуство не помина незабележано.

Рада не ја криеше радоста што го гледа, а пред присутните медиуми кратко проговори за приватниот живот и врската што засега сака да ја задржи далеку од јавноста.

– Ми годи што врската е приватна. Убаво ми е така. Оваа година нема свадба, целосно сме посветени на концертите. Кога ќе дојде време за тоа, нема да криеме – изјави пејачката.

рада манојловиќ нов дечко.jpeg

Таа се осврна и на коментарите на астролозите дека 2026 година би можела да биде поволна за проширување на семејството, додавајќи низ смеа дека таквите информации ги споделува, но дека одлуките не зависат само од неа.

Иако нејзиниот партнер одби да позира, Рада Манојловиќ со насмевка од уво до уво им позираше на фотографите, оставајќи впечаток на среќна и исполнета жена.