Променливо облачно со дожд, од викендот стабилно и суво време
Денес променливо облачно со локални врнежи од дожд и можни ретки грмежи. Од викендот следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на одредени места долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.








