Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња

АХВ информира за превентивно повлекување на одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња поради можна појава на цереулид. Потрошувачите се повикуваат да не ги користат засегнатите производи.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека превентивно се повлекуваат одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“, по добиени информации преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF).

Како што информираат од АХВ, станува збор за ограничен број серии кај кои постои сомнеж за можно присуство на цереулид. Веднаш по добивањето на информациите, била спроведена итна инспекциска контрола кај увозникот, кој доставил официјално известување дека засегнатите производи веќе се повлечени од продажба и дека е извршено нивно отповикување од пазарот.

Повлекувањето опфаќа одредени серии на производите APTAMIL AR 2, APTAMIL PRONUTRA 1 и APTAMIL PRONUTRA 2, со конкретно наведени сериски броеви и рокови на употреба.

Од АХВ апелираат до потрошувачите кои имаат купено некој од овие производи да не ги користат. Производите може нештетно да се уништат или да се вратат на продажното место каде што се купени.

Агенцијата нагласува дека мерката е преземена исклучиво превентивно, со цел заштита на здравјето на најмладата популација и обезбедување високо ниво на безбедност на храната на пазарот.

Производи опфатени со повлекувањето:

.APTAMIL AR 2

Сериски број (лот) Рок на употреба

20250924 / 111492248 24.09.2026

20251106 / 111505015 06.11.2026

· APTAMIL PRONUTRA 2

Сериски број (лот) Рок на употреба

20250619 / 111450979 19.06.2026

20260720 / 111470149 20.07.2026

20260922 / 111494041 22.09.2026

20261027 / 111509436 27.10.2026

20261130 / 111518857 30.11.2026

20261219 / 111526365 19.12.2026

20270121 / 111539141 21.01.2027

· APTAMIL PRONUTRA 1

Сериски број (лот) Рок на употреба

20260722 / 111473082 22.07.2026

20260904 / 111489543 04.09.2026

20261014 / 111504828 14.10.2026

20261126 / 111519122 26.11.2026