Познати сите учесници на СП: БиХ со шанса за нокаут фаза, Хрватска во „група на смртта“

Комплетиран е списокот на учесници на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Mексико и Kанада, а ждрепката донесе интересни групи за селекциите од регионот.

Фудбалската репрезентација на Босна иХерцеговина обезбеди историски пласман по победата над Италија, а сега ја очекува предизвик во групната фаза.

Групата на БиХ: Реална шанса за пласман понатаму

БиХ ќе игра во Група Б заедно со селекциите на Kанада, Kaтар и Швајцарија.

Распоред на натпревари:

  • 12 јуни – против Канада (Торонто)
  • 18 јуни – против Швајцарија (Лос Анџелес – Инглвуд)
  • 24 јуни – против Катар (Сиетл)

Со оглед на составот на групата, БиХ има реални шанси да избори пласман во нокаут фазата.

Хрватска со многу потежок предизвик

За разлика од БиХ, Хрватска ќе има значително потешка задача. „Коцкестите“ се во Група Л заедно со Англија, Гана и Панама.

Распоред:

  • 17 јуни – против Англија
  • 23 јуни – против Панама
  • 27 јуни – против Гана

Оваа група веќе се смета за една од најтешките на турнирот.

Сите групи на Светското првенство

Група А: Meксико, Јужна Африка, Јужна Кореја, Чешка

Група Б: Kaнада, Босна и Херцеговина, Kaтар, Швајцарија

Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска

Група Д: САД, Парагвај, Австралија, Турција

Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор

Група Ф: Холандија, Јапонија, Шведска, Тунис

Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд

Група Х: Шпанија, Зеленортски Острови, Саудиска Арабија, Уругвај

Група И: Франција, Сенегал, Ирак, Норвешка

Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан

Група К: Португалија, ДР Конго, Узбекистан, Колумбија

Група Л: Англија, Хрватска, Гана, Панама

Како се оди понатаму?

Од групната фаза понатаму ќе се пласираат:

  • првите две репрезентации од секоја група
  • уште осум најдобри третопласирани селекции

Тоа значи дека борбата за нокаут фазата ќе биде жестока до последното коло.