Пожар во центарот на Скопје, приведена е 51-годишна жена

Педесет и едногодишна скопјанка е осомничена дека со запалива материја предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода на 6 септември во 13:05 часот, на подрачјето на општина Центар. Жената во полициското соопштение е идентификувана со иницијалите Ш.И.

Огнот зафатил тревна површина и две бандери

Во пожарот била опожарена поголема тревна површина со дрвја, а огнот зафатил и две бандери.

Во полициското соопштение не се наведуваат информации за повредени лица, ниту дополнителни детали за висината на причинетата материјална штета.

Во јули 2025 година, лице од скопско било затекнато како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово.

Случајот се документира, а полицијата најави дека потоа ќе следува соодветен поднесок.