Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд хоспитализиран по сериозен инцидент, во тек истрага за корупција

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е итно хоспитализиран по наводен обид за самоубиство, неколку дена откако беше покрената истрага за корупција поврзана со досиејата на Џефри Епстајн.

Поранешниот премиер на Норвешка, Торбјорн Јагланд, е примен во болница неколку дена откако норвешката полиција започна истрага за тешка корупција поврзана со таканаречените „Епстaјн досиеја“, јавуваат странски медиуми.

Според достапните информации, здравствената состојба на Јагланд во моментов не е официјално соопштена. Неговиот адвокат наводно се обидел информацијата за инцидентот да не стане јавна.

Истрагата против Јагланд е поврзана со документи објавени од Министерство за правда на САД, во кои се наведува дека тој и членови на неговото семејство престојувале во резиденции поврзани со починатиот финансиер Џефри Епстaјн во периодот меѓу 2011 и 2018 година.

По овие објави, норвешките власти спровеле претреси на неговите имоти, при што истражителите изнеле повеќе кутии со материјали од неговата резиденција во Осло. Случајот го води норвешката единица за економски криминал Ококрим, која потврди дека Јагланд е осомничен за „тешка корупција“.

Надлежните институции најавуваат дека истрагата е во тек и дека дополнителни информации ќе бидат соопштени кога ќе се создадат услови за тоа.