Платила 460 евра за „lip blush“, па доживеа хорор: Две недели не излегувала од дома
Меган Дејвис ја сподели својата приказна на TikTok за да ги предупреди другите за можните ризици од естетските третмани на усни.
Сакала малку боја, добила кошмар
Девојка по име Меган Дејвис реши јавно да ја раскаже својата непријатна приказна откако платила 460 евра за козметички третман „lip blush“, кој треба суптилно да ја нагласи природната боја и форма на усните.
Наместо посакуваниот резултат, таа доживеала сериозна здравствена компликација која ја принудила речиси две недели да не излегува од дома.
„Само сакав да додадам малку боја и облик на усните, бидејќи ми беа природно бледи“, раскажува таа во своето видео.
@abbilouchandler Absolutely traumatised #lipblush#viral#fyp♬ WHAT THE FUCKKK – Ashley Padilla Fanpage
Првично сè изгледало нормално
Пред третманот ѝ бил направен тест за чувствителност, кој не покажал никаква реакција.
„Чувствував мало пецкање, но козметичарката ми рече дека тоа е нормално и дека отокот ќе спадне“, објаснува Меган.
Меѓутоа, вистинските проблеми започнале веќе следното утро.
Усните отекле четири пати повеќе
„Кога се разбудив, усните ми беа како задник од павијан – четири пати поголеми од нормалното и со отворени ранички“, вели таа.
Состојбата брзо се влошила, а од раните почнал да излегува жолт исцедок.
„Не можев ниту да јадам, ниту да пијам. Болките беа ужасни“, додава таа.
Дијагноза: активиран херпес
Во паника заминала во амбуланта, каде лекарите ѝ дијагностицирале вирус herpes simplex.
„Не знаев ни дека го имам. Третманот ја активирал инфекцијата и херпесот се прошири по целите усни“, раскажува Меган.
Опоравувањето траело околу две недели, а по завршувањето на процесот, салонот ѝ ги вратил парите.
Никој не ја предупредил
Таа нагласува дека пред третманот не била информирана за можноста од ваква сериозна реакција.
„Сакам луѓето да знаат дека и навидум малите естетски зафати можат да предизвикаат големи компликации“, предупредува таа.
„Никогаш не правете третмани без темелни информации и консултации со стручно лице. Не е сè што изгледа безопасно навистина безбедно“, порачува Меган.









