„Ова меѓу нас трае 20 години“: Чеда Јовановиќ откри во каков однос е со Аца Кос

Чеда Јовановиќ во „Амиџи шоу“ отворено зборуваше за 20-годишното пријателство со Александар Кос, за заедничкиот живот, поддршката и тешките моменти низ кои поминале.

Чеда Јовановиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ заедно со својот долгогодишен пријател Александар Кос, каде отворено зборуваше за нивниот однос, кој трае повеќе од две децении.

Откако во јавноста се појавија информации дека живеат заедно, Јовановиќ реши да објасни во каква релација се тие двајца и колку му значи поддршката од Кос.

„Аца го жртвуваше својот живот за мене“

Јовановиќ откри дека во животот поминал низ многу тешки моменти, вклучително и сериозни здравствени проблеми пред десет години, кога поради повреда на пршлените бил неподвижен.

Тој истакна дека токму во тие периоди најмногу ја почувствувал поддршката од својот пријател.

– Сѐ во животот можам да издржам. Имав период кога завршив неподвижен. Аца доаѓаше, ме ставаше во количка и ме враќаше меѓу луѓето. Понекогаш ми е тешко што ги вовлекувам блиските во моите животни турбуленции, но тој остана покрај мене – изјави Јовановиќ.

– Што ги интригира, што конкретно? Пријател, цимер, повеќе од пријател… Што значи емотивен партнер? Емоцијата постои – рече Јовановиќ, а Кос додаде: „Најголемиот досега“

– Што подразбираш под партнер? Сите п… што сум ги сретнал во животот ги сретнав затоа што беа кукавици. Предуслов за двајцата да бидеме т… е, на пример, да ме остават неподвижна, да ми го земат паричникот и да ме остават гладна. Кога некој ќе го жртвува својот живот, тоа е врвот на човештвото, љубовта, емоциите… – додаде Чеда.

ацо и чедо

„Ова меѓу нас трае 20 години“

На прашањето од водителот Огњен Амиджиќ колку долго трае нивната приказна, Јовановиќ кратко одговори: „Дваесет години“.

Иако не прецизираше конкретен момент на запознавање, нагласи дека Кос е дел од неговиот живот „отсекогаш“ и дека нивната поврзаност е длабока и долготрајна.

Враќање кон корените

Во разговорот беше спомнато и местото од кое потекнува неговото семејство. Јовановиќ зборуваше за детството, спомените и празните куќи полни со фотографии и лични предмети, додавајќи дека преку односот со Кос на некој начин повторно се вратил кон тие корени.

На крајот, Јовановиќ порача дека нема ништо против луѓето што се сакаат, нагласувајќи дека најважни се човечноста, жртвата и искрената поддршка.

Нивната 20-годишна приказна, како што самиот вели, се темели на пријателство, лојалност и силна емотивна врска што опстојала низ бројни предизвици.