Ова фигура носи пари во домот – но една грешка ја блокира енергијата
Во многу домови фигурaта на слон стои како симпатична декорација – на полица, комода или покрај влезната врата. Но во филозофијата на Фенг шуи слонот не е само украс. Тој е моќен симбол на мудрост, стабилност, долговечност и заштита.
Се верува дека правилно поставен слон може да го засили чувството на сигурност, да ја стабилизира енергијата во домот и да привлече просперитет. Но за да делува, важно е да се внимава на три работи – бојата, положбата на сурлата и местото каде што стои.
Слон со крената сурла – симбол на богатство и успех
Во фенг шуи, слон со крената сурла се смета за симбол на материјална благосостојба и напредок. Во природата, слонот ја крева сурлата кога е силен и задоволен – затоа се верува дека ваквата фигура внесува оптимизам и финансиска среќа во домот.
Овој облик се поврзува со:
-
нови деловни можности
-
разумно управување со парите
-
заштита од импулсивни трошоци
-
самодоверба и напредок
Каде да го поставите?
-
На прозорска даска, но со сурлата свртена кон внатрешноста на домот
-
Во југоисточниот дел од станот – зоната на богатство
-
На работна маса или во канцеларија – за кариерен напредок
-
Покрај сеф, касичка или финансиски документи
Важно правило: сурлата никогаш не треба да биде свртена нанадвор, бидејќи според верувањето, така енергијата „излегува“ од домот.
Слон со спуштена сурла – стабилност и семејна хармонија
Слон со спуштена сурла нема негативно значење. Напротив – симболизира сигурност, зачувување на постојното и приземјена енергија.
Се поврзува со семејна благосостојба, долговечност и здравје, емоционална стабилност како и за зачувување на имотот.
Идеално место за оваа фигура:
-
Спална или дневна соба
-
Југозападниот дел од домот – зоната на партнерство
-
Детска соба – за зајакнување на семејните врски
-
Близу влезната врата, но свртена кон внатре – за заштита
Бојата на слонот ја насочува енергијата
Во фенг шуи, бојата има посебна симболика:
-
Сива, беж, кафена – стабилност и рамнотежа
-
Бел слон – заштита и семејна хармонија
-
Син слон – кариера и мудрост
-
Зелен слон – здравје и нови почетоци
-
Црвен слон – успех и признание
-
Златен или бронзен слон – богатство и просперитет
-
Црн слон – заштита од негативни влијанија
-
Розов слон – љубов и партнерска нежност
Во простории за одмор се препорачува умереност – премногу интензивни бои можат да ја нарушат рамнотежата.
Колку слонови се доволни?
Според фенг шуи принципите, и бројот носи симболика:
-
3 фигури – основна поддршка
-
6 фигури – засилена среќа
-
9 фигури – целосна енергија на исполнување
Сепак, не треба да се претерува. Премногу симболи во еден простор можат да создадат енергетски дисбаланс. Фигурите треба да бидат чисти и неоштетени – пукнатини и прашина симболично ја ослабуваат енергијата.
Најважното правило – намерата
Без разлика на бојата, положбата или бројот, фенг шуи нагласува едно клучно правило – намерата е пресудна.
Ако слонот го поставите со јасна желба да внесете стабилност, сигурност и просперитет во вашиот дом, тој станува симбол на вашата одлука да создадете хармоничен простор.
Во тој случај, слонот не е само декорација.
Тој станува потсетник на силата, мудроста и мирот што сакате да ги негувате во својот живот.


