Одмор вреден 48.000 евра: Ќерката 8 часа на TikTok
Сопственик на мала семејна фирма од Манчестер, Ендрју Алти, доживеа голем шок кога доби сметка од 42.000 фунти (околу 48.000 евра) за интернет во роминг надвор од Европа.
Семејството уживало на одмор во Маракеш, кога пристигнала првата од двете огромни сметки. На почетокот мислеле дека станува збор за измама или хакерски напад, но вистината била многу поедноставна – и многу поскапа.
Кога Алти ги проверил деталите, открил дека неговата ќерка поминала вкупно осум часа на апликацијата TikTok. Цената на интернетот во роминг надвор од Европа била астрономска, повеќе од 5.000 фунти по час.
Клучниот проблем бил во договорот што Алти го купил преку продавницата за електроника Currys, додека оператор со кој било склучено договор бил „O2“. Договорот немал ограничување на потрошувачката во роминг надвор од Европа, што значело дека не постоела заштитна граница.
Оваа ситуација го довела семејството на работ на пропаст на нивната фирма, а приказната служи како предупредување за сите оние кои патуваат надвор од Европа – секогаш проверете ги ситните букви во договорот, бидејќи цената може да биде многу висока.

