Одбила „тезги“, работела кај вулканизер: животната приказна на Маја

Маја Оџаклиевска открива како сама ги одгледувала ќерките, немала ни за млеко и работела кај вулканизер за да преживее.

Легендарната пејачка Маја Оџаклиевска (71) зад блескавата кариера крие живот исполнет со тешки одлуки, сиромаштија и борба за опстанок. Таа сама ги одгледувала ќерките Теа и Андреа, без финансиска сигурност и без компромиси со сопствените принципи.

Маја никогаш не се омажила за таткото на Теа, додека бракот со таткото на Андреа кратко траел. И покрај тоа, со двајцата одржувала коректни односи – исклучиво поради доброто на децата.

„Никогаш не сум се разделила со некого на грд начин. Тие се татковци на моите деца и тоа е најважно“, изјавила таа.

„Јадевме бисквити со вода, немавме ни за млеко“

Најтешкиот период бил во деведесеттите години, кога музичката сцена речиси замрела. Маја отворено признава дека имало денови кога немале ни основни намирници.

„Се случуваше да јадеме бисквити со вода, затоа што немавме пари ни за млеко. До толку беше тешко“, раскажува пејачката.

Иако имала можност да заработува пеејќи по клубови и приватни настапи, таа одбивала да пее песни што не ги чувствува.

оџаклиевска

Обид со „тезга“ во Германија – и никогаш повеќе

Во очај, прифатила настап во Германија, со цел да заработи за децата. По само три дена настапи, донела конечна одлука.

„Работевме петок, сабота и недела. По тие три дена си реков – никогаш повеќе. Тоа не сум јас.“

По тоа, целосно се повлекла од пеењето.

Од сцена – во вулканизерска работилница

Во 1992 година, принудена да најде друг извор на приходи, Маја се вработила кај пријател кој имал вулканизерска работилница. Таму работела како надзор, откривајќи неправилности кај вработените.

„Платата ми беше околу 500 марки, а порано земав 1.000 за една песна. Но бев благодарна. Кога чесно заработуваш, нема незадоволство.“

Работела и во Шведска, каде чувала деца и работела во фабрика. Како што велела нејзината мајка:
„Бог нема ништо против поштена работа.“

Денес – конечно мир и заслужена пензија

Кариерата на Маја Оџаклиевска започнала во 1969 година. По 38 години работен стаж, таа заминала во пензија, но продолжила да работи уште неколку години.

„Пред три години си реков – доста е. Сега конечно уживам“, заклучува легендарната пејачка.

Нејзината приказна е доказ дека достоинството нема цена, а поштениот труд – без разлика каде – вреди повеќе од секоја лесна заработка.