Објавена нова снимка од затворот каде почина Епстин: Еве како реагирале чуварите
Британски „Телеграф“ објави досега необјавен видео-снимка од затворот во Њујорк, кој ги прикажува моментите кога чуварите го пронашле телото на Џефри Епстин.
Објавен е уште еден видео-снимка од затворот во кој престојувал Џефри Епстин, кој ги прикажува моментите кога затворските чувари го пронашле неговото тело на 10 август 2019 година.
Снимката од безбедносните камери, до која дојде британскиот весник „Телеграф“, досега не била јавно објавена. На видеото се гледа како еден од чуварите се приближува до безбедносната маса во близина на изолираниот дел од затворот каде што се наоѓала ќелијата на Епстин. Неколку секунди подоцна, тој влегува во самата ќелија.
Just hours before Epstein killed himself in police custody, surveillance cameras captured an orange figure apparently heading in the direction of his cell
Watch the moment when guards found Epstein’s body in his cell ⤵️ pic.twitter.com/Tb80fcNL23
— The Telegraph (@Telegraph) February 9, 2026
По неколку минути, му се придружуваат уште двајца чувари, а Епстин официјално бил прогласен за мртов во 6:39 часот наутро. Тој бил притворен во Метрополитанскиот поправен центар во Њујорк, каде чекал судење по обвиненија за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.
Федералното истражно биро (FBI) по завршувањето на истрагата соопшти дека Епстин извршил самоубиство, што било потврдено и со обдукција девет дена подоцна. Според официјалниот извештај, од моментот кога бил заклучен во ќелијата во 22:40 часот на 9 август, па сè до 6:30 часот следното утро, никој не влегол во специјалната стамбена единица (SHU).
Сепак, претходно објавени снимки од истиот медиум прикажуваат фигура во портокалова облека која се движи по скалите кон нивото каде што се наоѓала ќелијата на Епстин околу 22:39 часот. FBI ја означил таа фигура како „можен затвореник“, додека Канцеларијата на генералниот инспектор на Министерството за правда подоцна навела дека станува збор за неидентификуван чувар во портокалова униформа.
Новите снимки повторно ја разгореа јавната дебата и сомнежите околу безбедносните пропусти и околностите под кои почина Џефри Епстин, случај кој и по повеќе години продолжува да предизвикува контроверзии ширум светот.









