Ново брутално убиство ја потресе државата

Нов случај на семејно насилство со трагичен крај утрово ја потресе македонската јавност, откако 33-годишен маж од Битола со нож смртно ја нападнал својата сопруга, со која не живеел заедно.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, трагедијата се случила утрово околу 06:40 часот, а жртвата, 31-годишната А.В. од Битола, починала на местото од здобиените повреди.

Од Министерството за Внатрешни Работи соопштија дека полициски службеници од СВР Битола веднаш интервенирале и го лишиле од слобода осомничениот А.Р.(33).

„Тој се сомничи дека со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираа од полицијата.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ова е уште еден тежок случај на насилство врз жена што повторно ја отвори дебатата за семејното насилство и заштитата на жртвите во Македонија.