„Никогаш подолго размислување“: Прашањето што го збуни натпреварувачот во „Суперпотера“ – дали го знаете одговорот?

Прашање од географија предизвика долга дилема и смеа во „Суперпотера“. Натпреварувачот долго се двоумеше, а точниот одговор ги изненади сите.

Уште една интересна и забавна ситуација се случи во најновата епизода на квизот „Суперпотера“, кога едно наизглед едноставно географско прашање целосно го збуни натпреварувачот Дејан и предизвика смеа кај публиката и водителите.

Прашањето го постави водителот Јован Мемедовиќ:
„Која од овие држави е најблиску до африканскиот континент – Италија, Јемен или Израел?“

Дејан првично размислуваше во насока на Израел, наведувајќи дека таа држава се граничи со Египет. Сепак, колку повеќе размислуваше, толку поголема дилема се создаваше, па следуваше едно од најдолгите колебања за одговор во историјата на квизот.

Ситуацијата ја разубавија и духовитите коментари од трагачите. Милан Буквиќ ја нарече дилемата „хамлетовска“, додека Душaн Мацура со музичка алузија ја спореди со песна на групата „Тото“. Мемедовиќ дури побара и аплауз од публиката за да му помогне на натпреварувачот да се одлучи.

На крајот, по долга анализа и преиспитување што точно се смета за африкански континент, Дејан се реши за одговорот под Б – Јемен. Тоа се покажа како точен одговор, што беше поздравено со силен аплауз во студиото.

„Никогаш подолго размислување за едно прашање“, прокоментира Мемедовиќ, додека атмосферата во студиото беше исполнета со смеа и добро расположение.