Невролозите откриваат: 3 намирници што го уништуваат мозокот

Невролози предупредуваат дека три секојдневни намирници сериозно му штетат на мозокот и го зголемуваат ризикот од деменција.

Иако врската меѓу исхраната и развојот на деменција сè уште е предмет на научни дебати, невролозите се согласни во едно: она што го јадеме директно влијае врз здравјето на мозокот. Медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и масна риба, се смета за златен стандард за зачувување на когнитивните функции.

Според Здружението за Алцхајмерова болест, ваквиот начин на исхрана обезбедува високо ниво на антиоксиданси кои ги штитат мозочните клетки од оштетувања поврзани со стареењето и невродегенеративните болести. Истражувањата покажуваат дека придржувањето кон медитеранска исхрана може да го намали ризикот од деменција и до 23 проценти.

Порција грчка медитеранска храна медитеранско јадење оброк ручек
Порција грчка медитеранска храна

Но, додека некои намирници го штитат мозокот, други имаат спротивен ефект. Невролозите издвојуваат три намирници кои се особено штетни и кои треба да се избегнуваат или значително да се ограничат.

1. Газирани пијалоци

Поради екстремно високата содржина на шеќер, газираните пијалоци се сметаат за една од најштетните опции за мозокот. Неврологот д-р Шахин Лакан предупредува дека едноставните шеќери ги оштетуваат крвните садови кои го снабдуваат мозокот со кислород и хранливи материи.

Со текот на времето, ова може да доведе до предвремена деменција, мозочни удари и хронично воспаление на мозокот, а краткорочно предизвикува раздразливост, лошо расположение и нарушувања на спиењето.

2. Маргарин

Иако често се смета за „полесна“ алтернатива на путерот, маргаринот содржи транс масти кои го зголемуваат лошиот холестерол и ги оштетуваат крвните садови, вклучително и оние во мозокот.

Неврологот д-р Шеј Дата истакнува дека истите механизми што го оштетуваат срцето, негативно влијаат и врз мозочната циркулација. Истражување објавено во списанието Neurology покажало дека луѓето со повисоки нивоа на елаидна киселина во крвта имаат зголемен ризик од развој на деменција. Како побезбедна опција, експертите препорачуваат маслиново масло или природен путер.

3. Помфрит и масна брза храна

Помфритот и сличните масни намирници можат сериозно да го нарушат здравјето на мозокот. Според д-р Педрам Наваб, ваквата исхрана ги оштетува крвните садови и ја нарушува крвно-мозочната бариера, што доведува до оштетување на невроните.

Особено е погоден хипокампусот, дел од мозокот задолжен за учење и меморија, што може да резултира со когнитивен пад и проблеми со памтењето.