Не сте ни свесни дека имате богатство дома: Никако не го фрлајте талогот од кафе

Повеќето луѓе талогот од утринското кафе веднаш го фрлаат во канта, без да знаат дека станува збор за вистински еколошки ресурс. Освен што може да се користи за пилинг, како ѓубриво за растенија или за освежување на фрижидерот, еден од најпрактичните начини на употреба во зима е посипување на замрзнати улици, тротоари и скали.

Ова не е случајна идеја, туку еколошки свесна пракса која ги штити и луѓето и животната средина.

Ве штити и ја чува околината

Талогот од кафе е одлична алтернатива на индустриската сол, која иако е ефикасна, има агресивно дејство врз околината.  Неговите предности се бројни:

  • Безбеден за растенијата, скалите, плочките и тротоарите: За разлика од солта, талогот не го уништува зеленилото покрај тротоарите и патеките. Растенијата во домот ги заштитува од разни инсекти и габи. Не го гризе асфалтот или структурата на поплочени тротоари. Ја абсорбира влагата во бетонот и го штити од пукање.
  • Ги чува чевлите: Солта остава бели дамки и ја оштетува кожната обувка, додека кафето не остава траги. Се нанесува нежно на чевлите на целата површина, за секој случај, најчесто се нанесува талогот на кожни чевли со иста боја како кафето, за да не остави дополнителни траги на чевлите. Ова помага најмногу за заштита на чевлите од влага или сушење на водени чевли.
  • Бесплатно решение: Наместо да купувате хемиски средства, искористете го она што веќе го имате дома.

Противлизгачко дејство: Зрнестата структура создава триење на мразот и го намалува ризикот од лизгање на скали, поплочени дворови, дворски стази, патеки за гаражи, трем, отворени тераси и балкони.

Оваа практика веќе се применува во многу европски градови и е идеална за дворови, влезови во згради и помали јавни површини.

Како правилно да го подготвите и чувате талогот

За да биде ефикасен и да не се расипе додека го собирате, важно е да се подготви на соодветен начин:

  • Собирање: Талогот од апарат или ѓезве ставајте го во посебен сад.
  • Сушење: Распоредете го во тенок слој врз стари весници или хартиени салфетки за да се отстрани влагата.
  • Локација: Оставете го на топло и проветрено место, на пример во близина на радијатор.
  • Складирање: Кога целосно ќе се исуши, чувајте го во тегла и користете го по потреба.

Користењето талог од кафе не е само практично и бесплатно, туку и еколошки одговорно. Следниот пат кога ќе испиете кафе, сетете се дека неговите остатоци можат да ја направат зимата побезбедна – и за вас и за вашата околина.