„Не сакав да платам рекет“: Бака Прасе откри зошто му го запалиле автомобилот од 500.000 евра

Јутјуберот Бака Прасе тврди дека неговиот луксузен автомобил од 500.000 евра бил запален затоа што одбил да плати рекет. Полицијата врши истрага за инцидентот во Белград.

На српскиот јутјубер Бака Прасе, односно Богдан Илиќ, му е запален луксузен автомобил марка Brabus, вреден околу 500.000 евра.

Инцидентот се случил во раните утрински часови, околу 3:30 часот, во елитен дел од Белград, каде што живее јутјуберот. Бака Прасе целиот настан го снимил од прозорецот на својот стан и видеото го објавил на социјалните мрежи.

Заедно со снимката, тој откри и што, според него, е причината за палењето на автомобилот:
„Ми го запалија Brabus-от затоа што не сакав да платам рекет“, напиша Бака Прасе, додавајќи емотикон што се смее.

Под објавата следеа бројни коментари со поддршка, а дел од следбениците изразија загриженост поради сериозноста на инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakabonanza)


На местото на настанот набрзо пристигнале повеќе инспектори во цивил, кои извршиле увид и го обезбедиле просторот. Како што било соопштено, луксузниот автомобил ќе биде отстранет од паркингот и однесен на вештачење.

Полицијата работи на утврдување на сите околности околу пожарот и на идентификување на лицата поврзани со овој настан.