Најголемата сензација на ЗОИ: Лукас Пињеиро Бротен освои злато за Бразил

Бразилскиот скијач Лукас Пињеиро Бротен ја освои златната медала во велеслалом на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, создавајќи една од најголемите сензации во историјата на зимските спортови.

Со вкупно време од 2:26,99 минути во двете возења, Бротен ѝ ја донесе на Бразил, но и на цела Јужна Америка, првата медала во историјата на Зимските олимписки игри.

Скијачот е роден во Осло, неговиот татко е Норвежанец, а мајката Бразилка. Пред две години донесе одлука да настапува за Бразил наместо за Норвешка – потег кој се покажа како историски.

Сребрениот медал го освои Швајцарецот Марко Одермат со време од 2:25,58 минути, додека бронзата му припадна на неговиот сонародник Лоик Мејар, кој патеката ја заврши за 2:26,82 минути.

Овој успех веќе се смета за еден од најголемите пресврти и изненадувања во историјата на Зимските олимписки игри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InfoMoney (@infomoney)