Мистериозна смрт во Зрновци: Пронајдено тело на женa, силувана и мачена
Во општина Зрновци е регистриран сериозен настан по пронаоѓање на тело на почината жена, за кој дел од медиумите објавија неофицијални информации. Според телевизија од Кочани, наводно станува збор за тежок криминален случај, убиено е женско лице, силувано, а телото било обезглавено, но овие детали засега не се официјално потврдени.
На местото на настанот веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Кочани, кои ги вршат првичните истражни дејствија.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено телото на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причината за смртта уште не е утврдена“, информираат од Обвинителството.
Надлежните институции најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на првичната истрага.









