Медиуми тврдат: Лука Дончиќ и Анамарија Голтес ја раскинале свршувачката – свадбата била планирана за јули
Медиуми тврдат дека НБА ѕвездата Лука Дончиќ и словенечкиот модел Анамарија Голтес ја раскинале свршувачката, иако свадбата била планирана за јули 2026 година.
НБА ѕвездата Лука Дончиќ и словенечкиот модел Анамарија Голтес наводно ја раскинале свршувачката, иако нивната свадба била планирана за јули 2026 година.
Според информации на српски медиуми, повикувајќи се на извори блиски до парот, долгогодишната врска на Дончиќ и Голтес завршила непосредно пред свадбата.
Двојката беше заедно повеќе од една деценија. Дончиќ ја запроси Голтес на 7 јули 2023 година, а датумот симболично го избрал поради бројот 77, кој го носеше на дресот додека настапуваше за Далас Маверикс во НБА лигата.
Според изворите, нивната разделба изненадила многумина од нивното блиско опкружување, особено затоа што пред само неколку месеци го добиле своето второ дете.
Дончиќ и Голтес имаат две ќерки – Габриела, родена во 2023 година, и Оливија, која се роди кон крајот на 2025 година.
Нивната љубовна приказна започнала уште кога биле деца. Се запознале на 12-годишна возраст, кога нивните семејства се сретнале за време на летување на островот Крк во Хрватска.
Во минатото се шпекулираше дека кратко раскинале во 2018 година, пред НБА драфтот кога Дончиќ беше избран, но тогаш брзо се помириле и ја продолжиле врската.
Интересно е што Дончиќ неодамна го прослави својот 27. роденден, а на прославата не била присутна Голтес. Меѓу гостите бил и познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Засега ниту Дончиќ ниту Голтес јавно не ги коментираа овие информации.











