Кумот на Милица Тодоровиќ ја откри вистината за нејзиниот партнер: „Тој е скроз добар лик и ѝ помага околу бебето“

Кумот на Милица Тодоровиќ, пејачот Стеван Анѓелковиќ, проговори за нејзиниот приватен живот и периодот по раѓањето на бебето. Тој истакна дека Милица одлично се снаоѓа во улогата на мајка и дека е исклучително среќна и исполнета.

Милица е феноменална, пресреќна е. Го видов кумчето, бевме на бабини – пресладок е. За мене тоа беше многу емотивен момент – изјави Анѓелковиќ.

Тој додаде дека пејачката моментално целосно е посветена на мајчинството и воопшто не размислува за враќање на сцената.

Ужива максимално, не размислува за работа. Благодарна е за поддршката што ја доби од јавноста. Нашето пријателство трае повеќе од 20 години – рече тој.

Говорејќи за бебето, Стеван откри дека е мирно и дека најмногу спие и јаде, а според него, најмногу личи на Милица, особено по очите.

На прашањето за партнерот на Милица, Анѓелковиќ беше краток, но јасен: Се согласуваат одлично. Тој е скроз добар лик и ѝ помага околу бебето, колку што знам – изјави пејачот.

Милица засега останува далеку од јавноста, уживајќи во најубавата животна улога – мајчинството.