Кој е мистериозниот татко на детето на Милица Тодоровиќ? Пејачката се породи, а идентитетот и понатаму се крие
Милица Тодоровиќ денес се породи и стана мајка, но идентитетот на таткото на нејзиното дете и понатаму останува тајна, далеку од очите на јавноста.
Пејачката Милица Тодоровиќ денеска се породи, но и по девет месеци бременост, јавноста не дозна кој е таткото на нејзиното дете. Милица целосно ја зачува приватноста и ниту еднаш не проговори за партнерот со кого ја доби најубавата животна улога.
Во текот на бременоста таа речиси целосно се повлече од јавниот живот, посветувајќи се на мир и одмор. Единствен исклучок направи кога се појави како гостинка на концерт на нејзината колешка Емина Јаховиќ.
Приватниот живот на Милица и претходно беше под лупа на медиумите, особено по раскинувањето на веридбата со поранешниот партнер од Хрватска, кој минатата година беше уапсен. По тој период, пејачката очигледно одлучи новите емотивни односи да ги држи далеку од очите на јавноста.
Според блиски извори, партнерот на Милица не сака медиумска експонираност, а пејачката целосно ја почитува неговата желба. Така, и по породувањето, идентитетот на таткото останува мистерија, а Милица избра фокусот да биде исклучиво на нејзината нова улога – мајчинството.










