Кејт Хадсон се пресоблече по Оскарите и покажа похрабар моден изглед
По впечатливите модни изданија на холивудските ѕвезди на црвениот тепих на 98. доделување на Оскарите, славните личности ја продолжија вечерта на традиционалната Vanity Fair after-party забава. Овој настан со години е еден од најочекуваните делови од оскаровската ноќ и често е подеднакво спектакуларен како и самата церемонија.
Оваа година забавата се одржа во Музејот на уметноста на округот Лос Анџелес (LACMA), каде што бројни ѕвезди се појавија во поопуштени, но подеднакво гламурозни модни комбинации.
Оскарите завршија, забавата продолжи
Многу гости од А-листата ги заменија строгите и елегантни комбинации од црвениот тепих со поразиграни и смели модни изданија. На забавата доминираа светкави фустани, класични силуети, впечатливи модни додатоци и шарени комбинации, а повторно беше забележлив и трендот на таканаречените „naked“ фустани.
@vanityfair#KateHudson lights up the #VFOscars♬ original sound – Vanity Fair
Кејт Хадсон со похрабар стил
Особено внимание привлече актерката Kate Hudson. Таа го замени елегантниот фустан што го носеше на црвениот тепих со многу похрабар изглед.
На самата церемонија се појави во гламурозен фустан од Giorgio Armani Privé во жад зелена боја, украсен со кристали и камчиња, со нагласен струк и деколте во форма на срце.
За after-party забавата, пак, избра светкав црн фустан со долг крој и таканаречено „сирена“ здолниште кое се шири при дното и ја нагласува силуетата. Горниот дел од фустанот имаше впечатлив изрез преку стомакот, со што го истакна нејзиниот извајан изглед.
Актерката, која во минатото беше номинирана за Оскар, ја носеше долгата руса коса во нежни холивудски бранови. Изгледот го надополни со суптилен „smoky eye“ шминка стил и розев кармин.










