Јутјубер фрла 10.000 евра од балкон во центарот на Виена: настана хаос и турканици Видео

Инфлуенсерот Максимилијан Вајсенбек расфрли 10.000 евра од балкон на Маријахилфер Штрасе, предизвикувајќи метеж и тепачки меѓу минувачите.

Во најпознатата улица во Виена – Маријахилфер Штрасе – јутјуберот и инфлуенсер Максимилијан Вајсенбек, познат под прекарот MaxaMillion, од балкон расфрлал околу 10.000 евра во готовина.

Неговиот потег предизвика вистински хаос меѓу присутните, кои почнаа да се туркаат и да се натпреваруваат кој ќе собере повеќе банкноти. Иако во Виена владееле ниски температури и снег, стотици млади се собрале откако се проширила веста дека инфлуенсерот подготвува необичен „перформанс“.

Од балкон на зграда на прометната улица, Вајсенбек ги фрлил парите кои се распрснале низ зимската вечер. Во обид да ги фатат банкнотите, луѓето трчале, се туркале, а некои и се лизнале поради мразот и снегот. За кратко време настанала голема гужва, со викање и метеж, па сцената повеќе личела на масовен настан отколку на спонтана маркетинг-акција во центарот на Виена.

Ова не е првпат Вајсенбек да привлекува внимание со вакви необични потези. Претходно, на една модна ревија на Филип Плејн во Милано, тој влегол меѓу моделите и излегол на пистата, со што повторно предизвикал големо внимание на социјалните мрежи.]ou