Јокиќ ја откри вистината: до кога планира да игра кошарка
Никола Јокиќ во најново интервју ги демантираше шпекулациите дека не ужива во кошарката и порача дека спортот му значи многу. Асот на Денвер откри и како ја доживува победата, поразот и сопствената иднина во НБА.
Јокиќ ги затвори устите на критичарите
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ, повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат поради искреното интервју во кое јасно стави крај на долгогодишните шпекулации дека кошарката не го исполнува доволно.
Во разговор со американската новинарка Маликеј Ендрјус, српскиот ас нагласи дека страста кон играта е присутна, но дека неговиот карактер можеби остава поинаков впечаток кај јавноста.
„Мене ми е многу важно. Ако не ти е грижа за победата, тогаш и не треба да си во овој спорт. Можеби мојата личност е поинаква или успехот го доживувам поразлично, но јас навистина ја сакам кошарката, сакам да ја играм и уживам во натпреварувањето“, истакна Јокиќ.
“There’s a lot of people who say, ‘well how much does he care?'”—@malika_andrews
“I care a lot. … I think if you don’t care for winning you’re not supposed to be in this sport.”—Nikola Jokić 🏀 pic.twitter.com/oASUyjZSCf
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 18, 2026
Поразите и победите ги прифаќа поинаку
Јокиќ објасни дека не е тип на играч кој еуфорично ги покажува емоциите, но тоа не значи дека не му е грижа за резултатите.
„Можеби победите и поразите ги прифаќам на поинаков начин. Но тоа не значи дека не ми значат“, додаде кошаркарот на Денвер, кој веќе неколку сезони е еден од најдоминантните играчи во НБА-лигата.
Повредата како прв сериозен предизвик
Во интервјуто се осврна и на периодот кога беше надвор од терените поради повреда – нешто што ретко му се случувало во кариерата.
„Тоа беше сосема ново искуство за мене. Никогаш претходно не сум бил повреден на тој начин. Толку сум навикнат да играм и да бидам на терен, што имав чувство дека пропуштам нешто важно“, призна Јокиќ.
Емоциите за коњските трки во Србија
Новинарката го праша и за солзите што ги пушти по победата на неговиот коњ на трка во Србија – момент што стана вирален на социјалните мрежи.
„Тоа беше долг процес. Коњот дојде кај нас со големи очекувања, но во неколку трки претходно не трчаше добро. Потоа победи во една од најважните трки за мене и едноставно бев пресреќен во тој момент“, објасни Јокиќ.
НБА титула или победа на коњска трка?
На прашањето што би избрал – НБА шампионска титула или победа на коњска трка, српскиот суперстар со насмевка одговорил дека и двете имаат посебно место во неговиот живот, но дека кошарката е неговата професија и нешто што му носи глобален успех, додека коњските трки се лична страст.
Со ова интервју, Јокиќ уште еднаш покажа дека зад мирниот и резервиран настап стои спортист кој длабоко го доживува и спортот и победите – само на свој, нетипичен начин.









