Истурете две лажици оцет на алуминиумска фолија: Трик што лесно го чисти загорени тенџериња
Едноставен кујнски трик со оцет, сода бикарбона и алуминиумска фолија што помага лесно да се исчистат загорни тенџериња.
Загореното тенџере е чест проблем во кујната – доволно е храната да остане само неколку минути подолго на шпорет и на дното се создава тврда, темна наслага која тешко се чисти. Многумина во такви ситуации користат силни хемикалии или груби метални сунѓери, но постои многу поедноставен домашен трик.
Комбинацијата од оцет, сода бикарбона и алуминиумска фолија може ефикасно да помогне во отстранување на тврдокорните наслаги од садовите за готвење. Со овој метод, без агресивни средства и без скапи препарати, тенџерето може повторно да изгледа чисто и уредено.
Првиот чекор – сода бикарбона
Најпрво се подготвува густа паста од сода бикарбона и малку вода. Оваа смеса се нанесува директно на загорените делови и се остава да стои неколку часа. Содата помага да се омекнат наслагите од изгорена храна и маснотии.
Потоа се додава оцет
Ако дамките и понатаму се тврди, се подготвува раствор од две лажици оцет и една чаша вода. Со сунѓер растворот се нанесува на дното на тенџерето, при што започнува реакција дополнително ја разградува нечистотијата.
Алуминиумската фолија го прави последниот чекор
Парче алуминиумска фолија се гужва во мала топка и со неа нежно се трие површината. Бидејќи наслагите веќе се омекнати, тие многу полесно се отстрануваат.
Предноста на овој трик е што алуминиумската фолија е понежна од металните жици за рибање и помалку ја оштетува површината на садовите.
Понекогаш наједноставните решенија во кујната се токму оние што веќе ги имаме при рака.











