Иранскиот шеф на дипломатијата откри дали Путин му помага на Иран во војната

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи зборуваше за односите со Русија и дали Москва му помага на Техеран со разузнавачки информации во конфликтите.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги коментираше шпекулациите дека Русија му помага на Иран со разузнавачки информации во конфликтите на Блискиот Исток.

Американски разузнавачки претставници претходно изразија сомневање дека Москва можеби му доставува на Техеран информации кои би можеле да се користат за таргетирање на американски воени сили и објекти во регионот.

Во интервју за NBC News, Аракчи не навлезе во детали за евентуалната помош од Москва, но истакна дека воената соработка меѓу Иран и Русија постои подолго време.

„Воената соработка меѓу Иран и Русија не е нешто ново. Таа постои и ќе продолжи и во иднина“, изјави иранскиот министер.

На прашањето дали Русија му помага на Иран во лоцирање на американските сили во регионот, Аракчи рече дека нема конкретни информации за таква соработка.

„Колку што знам, имаме многу добро партнерство со Русија“, изјави тој.

Во однос на можната разузнавачка поддршка, министерот додаде дека Русија им помага на повеќе различни начини, но дека тој нема детални информации.

Аракчи исто така нагласи дека Иран, според неговите зборови, не напаѓа други држави во регионот, туку цели кои се поврзани со Соединети Американски Држави.

„Ние возвраќаме удар врз американски бази, инсталации и имот, кои за жал се наоѓаат на територијата на нашите соседи“, рече тој.