Грозданоски го удрил и со раце го задушил поднесена кривична пријава за убиство

СВР Охрид поднесе кривична пријава за убиство против жител од Брвеница – осомничениот е приведен по потерница.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Жарко Грозданоски од Брвеница поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ согласно Кривичниот законик.

Настанот се случил во дом во Охрид

Според информациите, на 25 март 2026 година околу 18:30 часот, во дом во Охрид, по вербална расправија, осомничениот физички нападнал 76-годишен маж со иницијали К.М., по што му нанел тешки повреди од кои настанала смрт, тој со раце го задушил до смрт.

Брза реакција на полицијата

По преземени мерки и координација со МВР и јавен обвинител, била распишана централна потерница. Осомничениот бил пронајден и лишен од слобода на 27 март во Брвеница од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

Дополнителни информации

Според достапните податоци, Грозданоски се поврзува со организацијата „Христијанско братство“. Во минатото, против него била поднесена кривична пријава за закани, вклучително и кон тогашниот премиер Зоран Заев. Нашите извори тврдат дека Гроздановски имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство. Убиениот бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.

Надлежните институции ќе продолжат со постапката, а осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе се одлучува за евентуални мерки како привор.