Голман уапсен поради семејно насилство: Мајката на жртвата објави вознемирувачко видео

Голман од Кикинда, Далибор С. (36), е уапсен поради сомнение за кривично дело семејно насилство, откако во ноќта меѓу 11 и 12 февруари физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка К. В.

Според информациите, инцидентот се случил во близина на Основно училиште „Свети Сава“, каде што осомничениот ја удирал жената со раце и нозе.

На социјалните мрежи се појави и видео од нападот, кое, како што тврдат корисниците, го објавила мајката на жртвата. Во описот таа напишала:
„Učinimo ga poznatim…prebija mi dete, onako junački, sa ledja, na sred ulice Dalibor Savkov. @chupy batica Delite da što vise ljudi vidi junačinu.“

На видеото се гледа како дечкото ја фаќа девојката за врат и ја турка, додека таа се обидува да се тргне од него. Во момент кога девојката се врти и почнува да се оддалечува, тој трча кон неа и ја удира со нога во грбот, по што таа паѓа на улицата. Потоа ја фаќа за рака и ја подига. Во видеото јасно се слуша како девојката плаче и моли: „Пушти ме“.

Очевидци кои се затекнале на местото на настанот му викале да ја остави и го предупредувале дека полицијата е на пат.

Осомничениот се огласил во коментарите под видеото, тврдејќи дека „не е така како што изгледа“, наведувајќи дека поради жртвата „изгубил сè“ и дека јавноста не знае што се случувало претходно.

На тие тврдења реагирала мајката на жртвата, порачувајќи дека, без оглед на околностите, никој нема право да ја удира нејзината ќерка. Таа објавила и фотографија на која се гледаат повреди на лицето на жртвата, вклучително и модринка на челото и окото.

Надлежните органи ја продолжуваат постапката, а на осомничениот, според неофицијални информации, веќе му е изречена забрана за приближување. Се очекува одлука на обвинителството за понатамошните правни чекори.