Ѓоковиќ поразен во финалето на Австралија опен, но испрати моќна порака: „Алкараз е нов творец на историјата“

Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Австралија опен испрати силна и спортска порака до Карлос Алкараз, покажувајќи вистинска големина.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, не успеа да стигне до нова Гренд слем титула на Австралија опен. Во големото финале, српскиот ас беше поразен од шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со резултат 3:1 во сетови, иако Ѓоковиќ го освои првиот сет и најави неизвесна битка.

По големата борба во полуфиналето, каде што го елиминираше Јаник Синер, Ѓоковиќ не успеа да го задржи високото темпо во финалниот меч. Алкараз постепено ја презеде контролата и со зрела и агресивна игра заслужено стигна до титулата во Мелбурн.

Веднаш по завршувањето на финалето, Ѓоковиќ се огласи преку социјалните мрежи, каде што испрати порака полна со спортска големина и почит кон својот противник. Во објавата тој истакна дека дал сè од себе, но дека овојпат тоа не било доволно за победа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Посебно емотивни беа неговите зборови упатени до Алкараз, кого го нарече исклучителен талент, вистински шампион и личност која допрва ќе испишува нови страници во историјата на тенисот. Ѓоковиќ ја истакна и магијата на Австралија опен, нагласувајќи дека атмосферата и поддршката од публиката се нешто посебно и незаменливо.

Со оваа порака, Новак уште еднаш покажа зошто е почитуван не само поради резултатите, туку и поради однесувањето, спортскиот дух и начинот на кој ги прифаќа и победите и поразите.