ЕУ подготвува целосна забрана за увоз на руска нафта

Европската комисија планира да предложи целосна забрана за увоз на руска нафта во Европската унија. Предлогот предвидува укинување на постојните исклучоци за Унгарија и Словачка, кои засега се снабдуваат со нафта преку алтернативни рути.

Европската комисија подготвува нов енергетски чекор

Европската унија подготвува нов чекор во енергетската политика со цел целосно да го прекине увозот на руска нафта. Ова го најави европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен по состанокот на министрите за енергетика на земјите членки на Европската комисија.

Според него, иако санкциите против руската нафта веќе се на сила, одредени земји членки сè уште имаат исклучоци кои им дозволуваат да продолжат со увозот.

Каја Калас за нова европска безбедносна стратегија и забрана на руска нафта во европа
Каја Калас – коавторка на предложената нова европска безбедносна стратегија. (ЕК / Ауроре Мартињони)

Укинување на исклучоците за две земји

Во моментов исклучоци од санкциите имаат Унгарија и Словачка. Европската комисија планира да предложи тие привилегии да бидат укинати, со што сите земји членки би морале да престанат со купување енергенси од Русија.

„Денес веќе имаме санкции, но две земји имаат исклучок и ќе предложиме тоа да се промени. Сите држави мора да се подготват за таква ситуација, бидејќи не сакаме во иднина да купуваме енергија од Русија“, изјави Јоргенсен.

Алтернативни извори за снабдување

И покрај зависноста од руската нафта во минатото, европските институции тврдат дека снабдувањето со енергенси не е загрозено.

Според информациите од состанокот, Унгарија и Словачка веќе околу еден и пол месец се снабдуваат со неруска нафта, откако нафтоводот Дружба престанал да функционира.

Наместо тоа, нафтата пристигнува преку Јадранскиот нафтовод, кој поминува преку Хрватска и обезбедува алтернативна рута за снабдување на централноевропските држави.

Порака до Украина за иднината на нафтоводот

Европските претставници исто така испратиле сигнал до Украина дека очекуваат јасен временски план за евентуално повторно ставање во функција на нафтоводот „Дружба“.

Сепак, Брисел нагласува дека приоритет останува постепено намалување на зависноста од руски енергенси и диверзификација на изворите на снабдување.