Девојка пронајдена мртва во када: Вештачењето откри шокантна причина, мајката очајна

23-годишна девојка пронајдена мртва во када во Копривница. Вештачењето откри шокантна причина, а семејството и натаму чека правда.

Повеќе од една година семејство од хрватскиот град Копривница живее без греење и гас, по трагедијата што им го промени животот. На 20 декември пред две години, Даворка Хајстер ја пронашла својата 23-годишна ќерка без знаци на живот, во кадата во семејниот дом.

Како што сведочи мајката, со ќерката разговарала телефонски само петнаесетина минути пред трагичниот настан. Девојката била расположена и имала планови да излезе со пријателите. Кога ја отворила вратата од бањата, првично помислила дека се работи за шега, но брзо сфатила дека се случило најлошото.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и првично се сомневала на самоубиство. Телото било испратено на обдукција, но резултатите целосно ја промениле насоката на истрагата – смртта не била предизвикана намерно.

По обдукцијата, во станот бил повикан гасен инсталатер, кој утврдил екстремно висока концентрација на јаглерод-моноксид. Иако апаратите покажале опасни вредности, гасниот бојлер и оџакот биле прогласени за технички исправни. Поради безбедносни причини, доводот на гас бил исклучен за целата зграда.

По повеќемесечна правна битка, семејството добило официјален наод од Центарот за форензички вештачења во Загреб. Според вештаците, системите биле поставени според стандардите, а најверојатна причина за трагедијата биле неповолни временски услови кои довеле до опасно задржување на гасовите.

„Тешко е да прифатам дека ја изгубив ќерката поради временски услови“, изјави скршената мајка.

И покрај тоа што случајот практично е затворен, семејството и натаму нема приклучок на гас и греење во бањата. Барањата до надлежните институции и снабдувачот со енергенси биле одбиени, со образложение дека конечна одлука може да донесе само државното обвинителство, кое засега не се огласува.