Девојче вперува пушка во својот брат

ВестиМакедонија

Снимка која ја шокира јавноста, девојче вперува пушка во својот брат!

Полицијата го расветли случајот што деновиве кружеше на социјалните мрежи, во кој се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат. Инцидентот, според полицијата, се случил во дом во селото Јакреново, крушевско.

Откако било пријавено дека на социјална мрежа е објавено видео на кое се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат, вчера во 13 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Крушево отишле во домот на Ф.А.(44) во Јакреново и одзеле ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје.

По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава.