Деветгодишно момче предизвикало експлозија во домот: ставило термометар во рерна за да ја измами мајка си

Деветгодишно дете во Германија предизвикало експлозија откако ставило термометар во загреана рерна. За среќа, нема повредени, но уредот мора да се замени.

Инцидент со потенцијално сериозни последици се случил во германскиот град Швандорф, каде деветгодишно момче предизвикало експлозија во семејната куќа откако ставило термометар во загреана рерна.

Според соопштението на полицијата, детето го сторило тоа со намера да ја убеди мајка си дека има висока температура и дека е болно. Рерната во тој момент била загреана на околу 200 степени Целзиусови, а термометарот по кратко време експлодирал.

германија полиција

На местото на настанот интервенирале екипи на противпожарната служба и полицијата. За среќа, во инцидентот никој не бил повреден.

Надлежните информираат дека поради присуството на жива од термометарот, рерната повеќе не смее да се користи за подготовка на храна и ќе мора целосно да биде заменета. Полицијата уште еднаш апелира родителите да ги предупредат децата за опасностите од играње и експериментирање со домашни апарати.